Раскусурувањето во натура ќе спаси најмалку 20.000 работни места

Bez autora
Dec 08 2011

Најмалку 20 илјади работни места ќе бидат спасени и десетици илјади фирми ќе избегнат ликвидација со одлуката на Владата да им дозволи на компаниите и во наредните две години меѓусебните долгови да си ги расчистуваат во натура. Во прво читање во Собранието е владиниот предлог за измени на Законот за платен промет со кои укинувањето на компензацијата, асигнацијата, цесијата и преземањето долг, предвидено за крајот на оваа, се пролонгира до крајот на 2013 година. Причина за пролонгирање на рокот е економската криза. Владата оценила дека стопанството дополнително ќе се оптовари ако на фирмите кои работат со проблеми сега им се одземе можноста за беспарично плаќање. Стопанствениците се задоволни и велат дека ова е добар потег, но само поради светската економска криза.

Раскусурувањето во натура ќе спаси најмалку 20.000 работни местаНајмалку 20 илјади работни места ќе бидат спасени и десетици илјади фирми ќе избегнат ликвидација со одлуката на Владата да им дозволи на компаниите и во наредните две години меѓусебните долгови да си ги расчистуваат во натура.

Во прво читање во Собранието е владиниот предлог за измени на Законот за платен промет со кои укинувањето на компензацијата, асигнацијата, цесијата и преземањето долг, предвидено за крајот на оваа, се пролонгира до крајот на 2013 година. Причина за пролонгирање на рокот е економската криза. Владата оценила дека стопанството дополнително ќе се оптовари ако на фирмите кои работат со проблеми сега им се одземе можноста за беспарично плаќање.

Стопанствениците се задоволни и велат дека ова е добар потег, но само поради светската економска криза.

Претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков, смета дека вака стопанството полесно ќе дише, но ова треба да биде само привремена мерка, зашто на подолг рок конечно ќе треба да се расчисти со фирмите кои лошо работат или само живуркаат.

- Во државата има од 50 до 55 илјади фирми чии сметки се блокирани или можат да станат блокирани, бидејќи имаат тешкотии со плаќањето. Во нив работат 20-25 илјади работници кои би останале без работа ако од почетокот на наредната година се одземе можноста долговите да се плаќаат преку компензација, цесија и слично. Тие работници ќе останеа на улица и ќе беа на товар на државата, или пак ќе добиеја откази, но ќе продолжеа да работат на црно во фирмите за да ги завршат договорените зделки - вели Бошков.

Нема податок колкави се меѓусебните долгови на македонските компании, но таложени низ целиот период на транзицијата нема дилеми дека достигнале огромна цифра. Во внатрешен долг влегуваат и обврските на фирмите кон Управата за јавни приходи и фондовите.

- Сојузот на стопански комори се залагаше за укинување на компензацијата и цесијата како начин на плаќање, но во овој момент мора да се каже дека ова е добар потег. Се очекува следната година земјите од ЕУ да влезат во рецесија или да стагнираат, така што со оваа мерка на нашите фирми ќе им се помогне да опстанат - вели Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори.

Тој смета дека кога условите во економијата ќе бидат подобри, конечно ќе треба да се расчисти со ваквиот начин на раздолжување.

Компензацијата, асигнацијата и цесијата експертите ги третираат како непазарни инструменти. Пребивањето на долговите на фирмите во стоки и услуги носи финансиска загуба за државата. Бидејќи не може да се евидентира, не може ниту да се наплати данок.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik